Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Ексклузивно! Вардарецот Влаќевски прави трансфер во Медвешчак- Хрватска
Ексклузивно! Вардарецот Влаќевски прави трансфер во Медвешчак- Хрватска

Ексклузивно! Вардарецот Влаќевски прави трансфер во Медвешчак- Хрватска

Една од ударните игли на кугларскиот клуб Вардар, членот на ударното дуо на црвено-црните Бојан Влаќевски доби екстра поуда која не можеше да се одбие. Неговите игри во македонскиот шампионат, во лигата, купот и државното поединечно првенство не останаа незабележани. За него се заинтересира тим од хрватската прва кугларска лига,  Медвешчак од Загреб.

3

 Лани овој тим беше вицепрвак, годинава има мала криза и се бори за опстанок во елитата. Тимот од осамостојувањето на Хрватска бил шест пати првак на земјата, голем број пати бил првак и во ех Југославија. Има десет меѓународни титули: седум титули во Светскиот куп, три во европскиот и една титула во НБЦ-купот.  Бојан конечно доби шанса да покаже дека одамна ја надраснал нашата лига и дека е светски калибар. Емоциите кај него се измешани, тоа особено се приметуваше на вчерашното финале во “Мусандра“ во Државното првенство против партнерот од вардаровото ударно дуо Димитар Димитровски.  Тој  беше нераскинлив дел од црвено-црниот тим и беше еден од градителите на тимот кој е втор по квалитет во македонското куглање. Му честитаме на Бојан за трансферот, како одлични познавачи на неговата игра воопшто не сме изненадени од овој голем трансфер во лига која е професионална, во која тимовите се далеку подобро организирани, каде се е на едно повисоко ниво. Во продолжение ви пренесуваме кратка изјава од Влаќевски, тој вели:

5

Сакам да видам како изгледа да се настапува во едно  натпреварување кое е на малку повисоко ниво од нашето. Јас за мојот КК Вардар имам само пофални зборови, емоциите се измешани. Мора да кажам дека ми жал што го напуштам мојте “браќа“, јас нив така ги доживувам. За во иднина  не знаеме што не чека, да сме живи и здрави пред се. На мојот Вардар му посакувам секое добро и висок пласман. Па ако понатака, некогаш,   ни се спојат патиштата…