Thursday ,25 July 2024
Последни:
Home > Историја > Историја: Што рекол Стјепан Бобек (некогашниот тренер на ФК Вардар) за нашиот тим
Историја: Што рекол Стјепан Бобек (некогашниот тренер на ФК Вардар) за нашиот тим

Историја: Што рекол Стјепан Бобек (некогашниот тренер на ФК Вардар) за нашиот тим

bobek-vardarfansИсторија: Што рекол Стјепан Бобек (некогашниот тренер на ФК Вардар) за нашиот тим:

“Сум бил тренер на повеќе југословенски и странски тимови, но престојот во Македонија, во Скопје, во Вардар нема никогаш да го заборавам. Дојдов во Вардар во незгоден час. Клубот три години играше во Втората лига, а тоа не го заслужуваше по традицијата и реномето. Местото му беше секогаш во првата лига. Што се доживеавме во второлигашката конкуренција тешко може да се каже. Но, на крајот успеавме. Влеговме во првата лига”. – Извадок од книгата “Четири децении ФК Вардар”.

Инаку, Бобек беше тренер на многу клубови великани. Како играч се прослави во тимот на ФК Партизан. Во периодот од 1945 до 1959 година за овој белградски тим запиша 478 натпревари и постигна дури 425 голови. Во нашиот ФК Вардар тренер беше во периодот од 1978 до 1981 година. За жал овој голем играч и човек почина на 87 години.