Од вчера, 13.септември па до 16-ти септември во главниот град на Белорусија, Минск ќе се одржи силен меѓународен турнир со светски рејтинг во борење. На турнирот “Медвед“ ќе настапат двајца вардарци, Владимир Егоров и Нуров Магомедгаџи.
Владимир Егоров ќе настапува во категоријата до 57 килограми и ќе има директен настап во четвртфиналето во својата категорија. Негов ривал ќе биде силниот домашен борач Влаџислав Андрејев. Во категоријата до 97 килограми Нуров ќе настапи во квалификациите каде за ривал ќе го има Лукас Красаускас од Литванија. Доколку дојде до триумф ќе се сретне во 1/4-финалето со “старите познаници“ украинецот Андрејцев или Деде од Турција.