Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Поединечен пласман на вардаровите играчи на 8-мо Септемврискиот турнир
Куглање: Поединечен пласман на вардаровите играчи на 8-мо Септемврискиот турнир

Куглање: Поединечен пласман на вардаровите играчи на 8-мо Септемврискиот турнир

Бојан Влаќевски од КК Вардар  со соборено 645 “дрва“ го освои првото место во поединечна конкуренција на Меѓународниот кугларски натпревар кој се одржа по повод Денот на независноста на република Македонија во кугланата на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Истиот беше организиран успешно по вторпат од црвено-црниот кугларски колектив.

Второто место му припадна на Иван Тотиќ од КК Мертојак (Сплит) со 639 “дрва“ и третото на Урош Јагличиќ од КК Београд (Белград), 629. Најдобар пласаман имаше Влаќевски Бојан од црвено-црниот тим. Поединечен пласман (по ранкинг места) на нашите играчи од КК Вардар на листата од  48 учесници изгледа вака:

1.место Бојан Влаќевски – 645
13.место Дарко Димитровски – 578
16.место Георг Поп Крстев – 573
18.место Влатко Гиевски – 572
23.место Милош Миливојевиќ – 564
45.место Влатко Стојановски – 513
46.место Миле Димковски – 512
47.место Бранко Митиќ – 510

jj2
- Екипен пласман:
1. Београд – 3607 
2. Партизан – 3545
3. Мертојак Сплит – 3512
4. Вардар 2014 – 3445
5. Калцит Камник – 3288
6. ГТЦ Мусандра – 3235