Екипата на ЖРК Вардар утре ќе го одигра второто коло во рамките на супер лигата. Избраничките на Симовски и Ристова ќе гостуваат во Свети Николе, на екипата на Овче Поле. Дуелот ќе започне од 18:30 часот.
На отварање на новата сезона, вардарки одиграа нерешено со екипата на Куманово (30:30), додека Овче Поле претрпе голем пораз од екипата на Деспина. Доколку ја повториме играта од дуелот со Куманово, можеме да сметаме на првата победа. Во составот ќе ја имаме и Милица Николиќ, која предвреме го напушти мечот со Куманово поради повреда, но се е во ред и левиот бек треба да биде најголема опасност по противничкиот гол.