Во главниот град на Белорусија, Минск се одржува силен меѓународен турнир со светски рејтинг во борење. На турнирот “Медвед“ настапуваат двајца вардарци, Владимир Егоров и Нуров Магомедгаџи.
Владимир Егоров утрово настапи во категоријата до 57 килограми тој имаше директен настап во четвртфиналето во својата категорија. Во еден одличен меч за жал беше тесно поразен за еден поен од силниот домашен борач Влаџислав Андрејев. Белорусинот триумфираше со минимални 4:3 на оваа средба. Во категоријата до 97 килограми Нуров настапи во квалификациите каде за ривал го имаше Лукас Красаускас од Литванија. Нашето момцче одлично го отвори турнирот и победи на доминантен начин. Црвено-црниот борач обезбеди 1/4-финалето со високи 12:1 во оваа борба. Во следната фаза на мегдан го доби украинецот Андрејцев кој во квалификациите го победи квалитетниот eвропски првак ЈИЛДЕРИ- Турција. Нуров беше поразен со 10:4 во оваа средба.
Останива приликата за евентуален репасаж за нашите двајца момци за тоа ќе дознаеме по завршувањето на другите борби во нивните категории.