Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гедбан ќе недостасува кај Вардар, а Гребиј и Гигу кај Монпелје
Гедбан ќе недостасува кај Вардар, а Гребиј и Гигу кај Монпелје

Гедбан ќе недостасува кај Вардар, а Гребиј и Гигу кај Монпелје

Пред утрешното прво коло во Л.Ш и дуелот во Франција, екипите на Монпелје и Вардар се соочуваат со проблеми.

Кај домаќинот на овој дуел ќе недостасуваат двајца стандардни играчи. Од поодамна е јасно дека на оваа средба нема да настапи искусниот Мишел Гигу кој ќе паузира неколку месеци, а сега на листата му се приклучи и Матје Гребиј.

Кај Вардар пак, поради недостаток на време и документи, на овој натпревар нема да има свое деби новиот голман, 21 – годишниот Калифа Гедбан. Oд поодамна се повредени Стоилов и Горбок кој исто така нема да настапат на овој дуел.

Дуелот во Франција е на програмата утре од 17:30 часот.