Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Борење! Вардарецот Егоров ќе биде дел од СП за сениори У23 тој е единствен мак.борач на планетарниот собир
Борење! Вардарецот Егоров ќе биде дел од  СП за сениори У23 тој е единствен мак.борач на планетарниот собир

Борење! Вардарецот Егоров ќе биде дел од СП за сениори У23 тој е единствен мак.борач на планетарниот собир

До крајот на оваа календарска година БК Вардар има уште две меѓународни активности светско првенство за сениори У-23 и меѓународен турнир во Белград, “Победник“ за деца и кадети кое ќе се одржи на 2.декември. На светското У-23 единствен пријавен е нашиот вардарец, Владимир Егоров.

Тој ќе настапи во “пеколна“ конкуренција од 26 најдобри борачи на планетата. Како што велат од клубот: Силна е конкуренцијата и навистина е тешко да се освоеи медал, но секој пласман до 5-то место ќе се смета за голем успех на ова натпреварување. 

egorov

Единствено со статегијата и активностите на борачите од БК Вардар успешно се афирмира македонското борење на меѓународна сцена. Неизбежно е да се напомене дека истите тие од раководството на ФБСМ кои вложија протест и НЕ ДОЗВОЛИЈА (за кое известувавме и беше невиден преседант) на Европското У-23 да настапи Егоров, истите кои беа против црвено-црните борачи за да не се реализира успех за Македонја- први “висат“ пред врате на Агенцијата за млади и Спорт на Македонија. Со цел  за да ги земат незаслужено лауреатите и наградите за НАШИОТ, вардаров  постигнат успех.

Ние од Вардар фанс им изразуваме благодарност до клубот за нивната преданост, сепак Вардар бил и ќе остане како и во секој спорт така и во борењето Македонски бренд кој бескомпромисно покрај клубските ќе се бори и за национални успеси и признанија бидејќи името, но и вардаровата чест и “образ“ незнае за друго освен за борба за националните интереси без разлика на пречките.