Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > СЕХА: Македонското дерби закажано на 9.декември, вардарци домаќини на Металург
СЕХА: Македонското дерби закажано на 9.декември, вардарци домаќини на Металург

СЕХА: Македонското дерби закажано на 9.декември, вардарци домаќини на Металург

До крајот на оваа календарска 2017 годинава на тимот предводен од Гонзалес Раул  му остануваат за одигрување уште два натпревари во Лигата на шампионите и  четири натпревари во регионалната  СЕХА Газпром лигата. На половината од нив т.е  на три сме домаќини, а трипати играме во гости. Веќе е познат терминот за дуелот  СЕХА Газпром лигата, односно  македонското дерби со тимот од Автокоманда, РК  Металург.

Натпреварот со сино-белите е закажано за 9-ти декември во СЦ „Јане Сандански”-Скопје. Истиот ќе се игра во  20-45 часот. На првиот меѓусебен дуел сезонава во СЕХА, вардаовиот тим  победи во СЦ „Борис Трајковски” со 32-23. Момците од РК Вардар  се лидери во СЕХА лигата, каде им остануваат уште четири натпревари за играње до крајот на годинава.

Натпревари во СЕХА Газпром лигата
28.11.2017 Нексе – Вардар (19 часот)
05.12.2017 Вардар – Војводина (17,30 ч.)
09.12.2017 Вардар – Металург (20,45 часот)
13.12.2017 Горење – Вардар (20,45 часот)