Вчера, младата македонска репрезентација до 20 години доживеа висок пораз на првиот меч на Европското првенство во Португалија. Белгија беше подобра од нашиот национален тим со убедливи 95-56 и ги запиша првите бодови на шампионатот.
Нашиот противник ги доби сите четвртини, а уште во првата најави лошо попладне за македонските репрезентативци. Се секој одминат период предноста на Белгијците растеше и на крај се искачи на конечни +39.
Павле Михајловски со 17 и Мартин Ѓоргиевски со 13 поени беа единствени со двоцифрен учинок во нашата селекција. Сите вардарци имаа епизодна улога на овој дуел. Наш следен противник е домаќинот Португалија и тоа денес со почеток во 21.30 часот.