Од денес со тренинзи стартуваа и младинските екипи во Академијата на ФК Вардар. Први кои означија старт на подготовките, беа пионерите (2003), кадетите (2002) и младинците (2001 година).
Има и некои тренерски промени кај оделни генерации на Вардар. Филип Деспотовски ја доби довербата во новата сезона да ги предводи кадетите и младинците на ФК Вардар. Човекот кој минатата сезона дебитираше како тренер во Академијата на клубот, успеа во својата дебитантска сезона да ја освои двојната круна со помладите пионери, или со генерацијата родени 2003 година.
Генерацијата 2003, која во новата сезона ќе се натпреварува во пионерската супер лига, доби исто така нов тренер, а тоа е Драган Стефановски-Гаге, кој во пролетниот дел од минататата сезона беше предводник на генерацијата 2007, со која стана Шампион на Македонија.
Сашо Тодоровски или Рап-Тап ќе биде предводник на помладите пионери, тоа е генерацијата родени 2004 година, која ќе ја има дебитантската сезона во првенството. Што се однесува до генерациите родени 2005 и 2006 година, нема промени во однос на нивние предводници од клупата. Зоран Петковски и Филип Спаесески, остануваат тренери на генерациите 2005, односно 2006, која во новата сезона ќе биде дел од регионалната-скопска лига.
Во наредниот период треба да бидат познати и тренерите, кај останатите генерации ( петлиња), кои ќе бидат дел од детската лига.