Официјално од денес (петок, 27. јули, 2018 година) во главниот град на нашата Република ќе започне одржувањето на единаесеттото во низа младинско европско првенство односно трето во низа в Скопје. Македонската кошаркарска федерација ја доби довербата од ФИБА да го организира Европското првенство за кошаркари до 18 години (дивизија Б) на кое учество покрај нашата репрезентација ќе земат уште 23 репрезентации од Европа.
Големата сала на Кале ќе биде главната сала, каде ќе се одржи финалниот натпревар и каде впрочем нашата репрезентација ќе ги одигра натпреварите од групната фаза, потоа малата сала при СЦ Јане Сандански, како и големата сала – во првите три натпреварувачки денови, а потоа екипите од оваа сала ќе се преселат во vip арената при СЦ Борис Трајковски.
Нашите репрезентативци, предводени од Панче Милевски, Марјан Ѓуров, Никола Велев и од Петар Баснарков, изминатите четириесет дена напорно работеа в Скопје и во Маврово, а одиграа и низа на пријателски натпревари. Желбата е да се повторат успесите од подготвиелниот период, но селекторот Милевски предупреди дека никогаш не треба противниците да се земат здраво за готово. Јуниорите, сите натпревари од групанта фаза ќе ги одиграат во големата сала при СРЦ Кале, со почеток во 18часот и 45 минути. Влезот ќе биде слободен за сите кои ќе сакаат да ги поддржат кошаркарите од трибините. Натпреварите ќе бидат достапни на LiveStream на YouTube каналот на ФИБА. Oд црвено-црниот тим во ростерот ќе има тројца вардарци на овој шампионат, подготовките ги започнавме со четири имиња, а три од нив добија доверба за настап. Станува збор за следните играчи на Кошаркарскиот клуб Вардар:
- Благој Димитриев
- Валмир Какруки
- Андреј Данилов