Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Вардар повторно работи на афирмацијата на мак.куглањето, прв пат една екипа повикува домашен тим на свој меѓународен турнир
Вардар повторно работи на афирмацијата на мак.куглањето, прв пат една екипа повикува домашен тим на свој меѓународен турнир

Вардар повторно работи на афирмацијата на мак.куглањето, прв пат една екипа повикува домашен тим на свој меѓународен турнир

Во полн ек се подготовките за вториот вардаров Интернационален турнир “8-ми септември“. Тој  ќе се одржи  в сабота, на 8-ми септември во Скопје. Истиот се организира по повод денот на независноста на Република  Македонија. Лани црвено-црниот клуб организираше една прекрасна кугларска манифестација со најсилните тимови од ех ју просторите.

КК Вардар уште еднаш покажа дека е голем тим, бидејќи со максимален напор се обидува да го афирмира македонското куглање. Црвено-црните се прв македонски тим кој организира силен меѓународен турнир и повикува домашна екипа. Станува збор за тимот на КК ГТЦ Мусандра која ќе се натпреварува на црвено-црниот турнир покрај нас и силните балкански тимови.  По прифаќањето на поканата од скопскиот тим веќе се познати пет учесници. Прв тим кој го потврди учеството е силната екипа на КК Белград, шампионот на Србија. Токму они се првите освојувачи на пехарот на вардаровиот турнир, откако лани беа најдобар тим на истиот. Втора екипа која е веќе потврдена е тимот на Метројак од Хрватска, екипа која оваа сезона беше вице-првак, а сезоната претоа шампион во екстра силниот хрватски шампионат. Дел од оваа екипа во новата сезона ќе биде и Димитар Димитровски, претседателот на Вардар. Треттиот тим кој веќе го потврди учеството е вице-првакот на Словенија, тимот на КК Калцит Камник.