Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > “Бебето„ Штербик дојде во Вардар да стане негов наследник
“Бебето„ Штербик дојде во Вардар да стане негов наследник

“Бебето„ Штербик дојде во Вардар да стане негов наследник

Новиот голман во редовите на поранешниот Европски шампион, Дејан Милосављев е споредуван како новиот Штербик, или како што пишуваат српските медиуми, младиот 22 годишен Милосављев е “бебето“ Штербик.

Новиот чувар на мрежата потекнува од екипата на Југовиќ од Каќ, по што се преселил во тимот на Црвена Ѕвезда. Токму минатата година преминува во најголемиот ривал, тимот на Партизан,  а малку време мина и во Катар, во тимот на Лехвија како позајмен играч. Самата споредба со Штербик, зборува за каков млад и талентиран голман се работи. Според многумина во Србија, Дејан е ветувачки талент, кој би можел да има улога на еден од најдобрите голмани, доколку продолжи со квалитетен развој.

Милосављев беше дел и од репрезентацијата на Србија, на Европското првенство кое на почетокот на годината се играше во Хрватска. Во Вардар ќе има можност да работи со Дејан Периќ, кој беше еден од најдобрите голмани, во неговата генерација, а сега работи како тренер на голмани во Вардар.