Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЕП М18: Македонија победи и со Азербејџан, Какруки одличен со 17.поени
ЕП М18: Македонија победи и со Азербејџан, Какруки  одличен со 17.поени

ЕП М18: Македонија победи и со Азербејџан, Какруки одличен со 17.поени

Репрезентативците до 18 години на Македонија запишаа втора победа во низа во рамки на борбата за пласман на Европското првенство за јуниори (дивизија Б) кое од 27. јули се одржува в Скопје.

Избраниците на Панче Милевски се пласираа на последното место во групата Ц што значеше борба за опстанок во оваа дивизија односно пласман од 17. до 24. место. Победата над Данска ни донесе борба за палсман од 17. до 20. место и загарантиран опстанок во втората дивизија. Вчера, јуниорите го совладаа составо на Азербејџан без нималку проблеми со 50-65, а денес(5. август) ќе си ги одмерат силите против подобриот од Швајцарија и Луксембург  во vip арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Најдобариот вардарец во оваа селекција Валмир Какруки одигра   одличен дуел, тој беше втор стрелец со 17.поени на овој дуел. Андреј Данилов впиша шест  поени, а  Благој Димитриев  постигна два коша.