Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар со голот на бразилецот Лира го совлада Силекс, црвено-црните ја прекинаа серијата од три меча без победа и погодок
Вардар со голот на бразилецот Лира го совлада Силекс, црвено-црните ја прекинаа серијата од  три меча без победа и погодок

Вардар со голот на бразилецот Лира го совлада Силекс, црвено-црните ја прекинаа серијата од три меча без победа и погодок

На последниот тест пред почетокот на ПМФЛ, денес ФК Вардар го совлада Силекс на пријателски натпревар одигран во Кратово. Нашиот тим победи со  со минимални 1:0 (0-0). Вардарци настапија во следниот состав:
Гачевски, Тошевски, Новак, Попов, Манев, Најдовски, Битанг, Мицевски, Цветаноски, Барсегјан и Лира. Во вториот дел влегоа: Тодороски, Талески, Јуфо, Попзлатанов, Бала, Максимов.

Ние до минимална предност дојдовме уште  во првиот дел од средбата во Кратово. Голот за водство, кој потоа ќе се покаже и единствен на натпреварот, го постигна бразилскиот играч во нашите редови, Вилијан Лира. Тој после една акција, се најде во шанса, и ја затресе противничката мрежа.

Домаќинот во второто полувреме се закани од слободен удар, меѓутоа топката удри во конструкцијата на голот, поточно во аголот. Во нашиот тим Барсегјан се најде во добра ситуација да го зголеми резултатот, меѓутоа не успеа да реализира. Потоа новите играчи Бала и Јуфо имаа свои прилики, но и тие не успеаја да ја затресат противничката мрежа и да ја направат победата поубедлива.

Вардар по три меча на кој беше поразен и не постигна ниту гол (два со Пјуник и со Македонија ЃП) конечно успеаа да погоди и да однесе победа во еден натпревар што е добар сигнал пред почетокот на новата сезона идната недела на 12.август.