Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пенал серијата за Темишвар, пионерите на Вардар се сребрени на турнирот “Пандев Куп 2018„
Пенал серијата за Темишвар, пионерите на Вардар се сребрени на турнирот “Пандев Куп 2018„

Пенал серијата за Темишвар, пионерите на Вардар се сребрени на турнирот “Пандев Куп 2018„

Пионерите на ФК Вардар предводени од Игор Кралевски го освоија второто место на силниот меѓународен турнир “Пандев Куп 2018„. Утрово на теренот во населбата Ѓорче се одигра големото финале на турнирот, кај генерацијата родени “2002„ година, во кое се сретнаа екипите на Вардар и Темишвар од Романија. Посреќен беше противникот, кој го доби финалето, дури после изведување на ударите од белата точка.

Екипата од Романија беше прва која го отвори резултатот и поведе со 0:1, но до крајот на првиот дел вратија црвено-црните и со погодокот на Азер Омерагиќ го израмнија резултатот на 1:1, што на крајот се покажа и како конечен на ова финале, во регуларниот дел од натпреварот. Иако во вториот дел и двете екипи имаа свои прилики, мрежите останаа незатресени.

Веднаш се пристапи кон изведување на удари од белата точка, пенал рулет во кој посреќен беше тимот на Темишвар и славеше со резултат 5:4. Во пенал серијата, за Вардар погодија, Азер Омерагиќ, Мартин Величковиќ, Ринор Исени и Али Асани, додека промаши единствено само Анатолиј Петејчук.

Вардар: Величковски, Петејчук, Костовски, Крстевски, Асани, Речица, Гугуљанов, Величковиќ, Хасани, Фазлиу, Омерагиќ.

За најдобар играч на турнирот е прогласен Азер Омерагиќ од редовите на Вардар, додека најдобар голман е Стефан Касиан од тимот на Темишвар. Вреди да се напомене дека Вардар беше единствената екипа која на турнирот му даде најсилен отпор на Темишвар, а бевме и единствените кои постигнавме гол во нивната мрежа. Во групната фаза, Темишвар имаше 3 победи од исто толку одиграни мечеви и гол разлика од 10 постигнати и ниту еден примен гол. Во полуфиналето романците ја декласираа и екипата на Академија Пандев. (4:0). Вардар беше денес блиску да ги победи, но среќата во пенал серијата беше наклонета на Темишвар.

Добар успех за оваа генерација, која минатата сезона беше единствената која успеа да стане шампион на Македонија, а во новата сезона ќе биде предводена од Кралевски.