Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Четврто место за вардаровата генер. “2005„ на турнирот “Пандев Куп„
Четврто место за вардаровата генер. “2005„ на турнирот “Пандев Куп„

Четврто место за вардаровата генер. “2005„ на турнирот “Пандев Куп„

Изминативе денови на терените на фудбалската федерација на Македонија, се одигра силен меѓународен турнир, “Пандев Куп 2018„ за играчи родени 2005 година. Настапи и фудбалскиот клуб Вардар кој го освои четвртото место на турнирот, во конкуренција на осум екипи.

Утрово во борбата за третото место, избраниците на Сашо Јанев го загубија дуелот од екипата на Академија Пандев и тоа убедливо со резултат 0:3.

Вардар: Филевски, Јакимовски, Таневски, Кукуловски, Галевски, Цветков, Сековски, Јовановски, Коловски, Лефковски, Величковски.

Во текот на вчерашниот ден во полуфиналето за противник го имавме тимот на Ботев Пловдив, од кој бевме поразени со резултат 1:5.

Во групната фаза одигравме три натпревари, на кои имавме половичен учинок, од една победа, пораз и нерешен резултат. Бевме подобри од екипата на Јагодина (2:1), одигравме нерешено со Национал (2:2), додека бевме поразени од екипата на Еуроспорт (0:1).

Некомплетни настапивме на турнирот, што е можеби една од причините за конечниот пласман на турнирот. Првото место на турнирот е за екипата на Национал од Бугарија, која ја победи Ботев Пловид, дури по изведување на удари од белата точка.