Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Штербик и Циндриќ го одбележаа трансфер периодот
(ВИДЕО) Штербик и Циндриќ го одбележаа трансфер периодот

(ВИДЕО) Штербик и Циндриќ го одбележаа трансфер периодот

Двајца поранешни играчи на Вардар го одбележаа траснфер периодот во новата сезона и токму нивните трансфери во други екипи, според ЕХФ се најдоа на првите две места, во пресрет на новата натпреварувачка сезона.

За трансфер број еден годинава, е преминувањето на Арпад Штербик од Вардар во екипата на Веспрем додека на второто место е Лука Циндриќ кој во новата сезона ќе го гледаме во дресот на Киелце. Ова само говори, колку овие играчи ќе му недостасуваат на Вардар, во обидот да ги повтори успесите од претходните две сезони.

Вака изгледа листата на ТОП-10 трансфери за ова лето:

1. Арпад Штербик од Вардар во Веспрем

2. Лука Циндриќ од Вардар во Киелце

3. Лудовик Фабрегас од Монпелје во Барселона

4. Ким Егдал Ду Риц од РНЛ во ПСЖ

5. Кентин Мае од Флензбург во Веспрем

6.Дејан Бомбач од Келце во Пик Сегед

7. Виран Морос од Барселона во ПСЖ

8. Штефан Фат од Берлин во РНЛ

9. Торборн Баргеруд од Холстебро во Флензбург

10. Томас Могесен од Флензбург во Скјерн