Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.пионери на Вардар ја победија Академија Пандев и го освоија третото место на турнирот “Пандев Куп„
Пом.пионери на Вардар ја победија Академија Пандев и го освоија третото место на турнирот “Пандев Куп„

Пом.пионери на Вардар ја победија Академија Пандев и го освоија третото место на турнирот “Пандев Куп„

Генерацијата на ФК Вардар родени “2003„ година го освоија третото место на силниот меѓународен турнир, “Пандев Куп 2018„, кој изминативе пет дена се одигра на терените во Струмица, за оваа возрасна генерација. Во малото финале, Вардар минимално со 1:0, го победи домаќинот на турнирот, тимот на Академија Пандев.

Тренерот Деспотовски стартуваше со следниве 11-сетмина: Вардар: Стојковски (c), Марковски, Петковски, Ѓоргиевски, Ѓорѓоски, Ќосевски, Алими, Петрушевски, Живков, Андрески, Тасевски.

По првото полувреме резултатот беше оној почетниот 0:0. Играч на одлука во вториот дел беше новото засилување, Славче Живков кој дојде од академијата на ФФМ. Со неговиот гол, црвено-црните успеаа да поведат со 1:0, што на крајот се покажа и како конечен резултат на овој дуел.

Во големото финале на турнирот ќе играат екипите на Реал Ниш и Јагодина и двете доаѓаат од Србија. На целокупниот турнир, помладите пионери на Вардар одиграа пет натпревари, на кои имаа три победи, еден нерешен резултат и еден пораз.