Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Од понеделник започнува продажбата на сезонски билети, за натпреварите на РК Вардар
Од понеделник започнува продажбата на сезонски билети, за натпреварите на РК Вардар

Од понеделник започнува продажбата на сезонски билети, за натпреварите на РК Вардар

Од ракометниот клуб Вардар преку својата официјална страна излегоа со соопштение, во врска со продажбата на сезонски билети. Ви го пренесуваме истото во целост:

На еден месец пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, а со цел да има доволно време сите наши навивачи да си обезбедат билети за мечевите на ракометниот клуб Вардар за неколку денови ќе почне продажбата на сезонските билети.

Во продажба прво ќе бидат пуштени сезонските билети, и нивната продажба ќе трае од 6 август до 31 август.

Ќе почнеме со приоритетна продажба на сезонските билети, што ќе биде во периодот од 6 до 19 август.
Со тоа останува можноста да се купат истите места што сте ги имале лани. За приоритетната продажба потребно е да се приложи пластичниот сезонски билет од ланската сезона, и ќе биде можно купување, односно задржување само на местото што и лани сте го имале.

Приоритетната продажба на сезонски билети ќе се врши исклучиво на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден.

Во продажба ќе бидат пуштени билети од две категории: за трибинскиот простор, а А блоковите.
Цената на сезонските билети ќе биде иста како и претходните сезони.
- 2.200 денари за трибински простор
- 2.550 денари за А блоковите

Со сезонските билети билети ќе може да се присуствува на сите домашни натпревари од групната фаза од лигата на шампионите, сите домашни натпревари од СЕХА лигата, и сите домашни натпревари од домашната Супер лига и Куп натпреварувања.

Околу замената на електронските ваучери со пластични билети сите што имаат купено сезонски билети ќе биде информирани кога истата ќе биде извршена.

1. Приоритетна продажба на сезонски билети
* 06.08.2018 – 19.08.2018
Сите кои имале купено сезонски билет лани можат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” да ги заменат старите сезонски билети со сезонски билети за новата сезона. Потребно е приложување на стариот сезонски билет.
Во приоритетната продажба ќе може да се купи само истото место што го имале изминатата сезона.
Приоритетната продажба на сезонски билети ќе се врши единствено на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден.

2. Регуларна продажба на сезонски билети
20.08.2018 – 31.08.2018
Во регуларна продажба ќе бидат пуштени сите преостанати билети, вклучувајќи ги и оние што не биле обновени со приоритетната продажба.
Регуларната продажба на сезонските билети ќе се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” и он-лајн преку продажната мрежа на www.ticketplus.mk

3. Регуларна продажба за секој поединечен меч од лигата на шампионите и СЕХА лигата ќе биде неколку денови пред натпреварот, и за тоа ќе има посебно известување за бројот и категоријата на билети што ќе бидат пуштени во продажба.