Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Есенскиот дел од сезоната 2014/2015 во Кугларска Лига заврши успешно за Вардар
Есенскиот дел од сезоната 2014/2015 во Кугларска Лига заврши успешно за Вардар
Тимот на Вардар (Куглање)

Есенскиот дел од сезоната 2014/2015 во Кугларска Лига заврши успешно за Вардар

Есенскиот дел од сезоната 2014/2015 во Македонската Кугларска Лига заврши успешно за новосоздадениот Кугларски Клуб Вардар 2014. Иако клубот ја почна својата прва сезона со големи амбиции базирани на квалитетниот играчки кадар, се случија непланирани порази кои за среќа не се одразија пресилно на конечниот исход на табелата после завршување на есенскиот дел од сезоната.

Моментално КК Вардар 2014 го зазема второто место на табелата, веднаш зад актуелниот многукратен шампион КК Макпетрол. Амбициите за оваа сезона се да се остане на истата позиција и по завршување на целата сезона , што би претставувало неверојатен успех за клуб кој постои само неколку месеци.

МКЛ табела (есенски дел)

  • 1.КК Макпетрол – 14 бодови
  • 2.КК Вардар 2014 – 9 бодови
  • 3.КК Работнички – 9 бодови
  • 4.КК ГТЦ – 8 бодови
  • 5.КК Хераклеа – 7 бодови
  • 6.КК 18 август – 5 бодови
  • 7.КК Империјал Тобако – 4 бодови
  • 8.КК Македонија – 0 бодови.

Пролетниот дел од сезоната, со една седмица одложување , започнува на 28.02.2015 , и тоа веднаш со дербито КК Вардар 2014 – КК Макпетрол.