Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Густ распоред на есен за Завировски како подготовка за пеколната маратонска дистанца од 42 км
АТЛЕТИКА! Густ распоред на есен за Завировски како подготовка за пеколната маратонска дистанца од 42 км

АТЛЕТИКА! Густ распоред на есен за Завировски како подготовка за пеколната маратонска дистанца од 42 км

Вардарецот Петре Завировски кој е “менториран“ од легендата на АК Вардар и македонската атлетика “вечниот“ Трпе Мартиовски планира да настапи на маратонска трка оваа есен . Тој според плановите  следните два месеци  не планира да настапи на ниту една трка. Во план е да трча во Август на Државното првенство во планинско трчање. Потоа на 3ти Септември на полумаратонот City Park Night, на 8ми септември 30 километарскиот Охридски маратон и потоа на 10 километарската улична трка во Скопје.

Нашиот вардаровиот маратонец веќе ги започна припремите за својот трет маратон 42.195км во кариерата. Предходните два маратони ги трчаше на 12 Мај 2013г и 13 Октомври 2013г кога успеа на пеколната 42 километарска делница да го освои сребрениот медал во Градскиот парк во Скопје. Потоа имаше два неуспешни обиди. Не по своја вина во 2014 кога беше во својата најдобра форма заработи повреда и не настапи на Скопскиот маратон. Додека минатата сезона од веќе познати причини се откажа Скопскиот маратон. Сега сеуште не е дефинирано каде ќе го трча маратонот. Дефинитивно 42 километарката делница ќе ја соборува во Октомври. Во некој од големите Европски градови на брза патека.