Детската лига заврши пред две недели, но на нашите црвено-црни фудбалски надежи им престои осмото воедно и последното коло од фудбалската вардарова Јуниор лигата. Истото е закажано за утре, во недела распоред за мечевите може да погледнете -овде.
Црвено-црните фудбалерчиња предводени од тренерите продолжија по крајот на детската лига да одработуваат тренинзи и да играат тест мечеви со цел одржување на формата за последното коло од Јуниор лигата, но и увежбување на тимот за следната сезона и новите правила за игра за дел од нив кои доаѓаат во натпреварување со повозрасна категорија. Меѓусебно тестираа вчера избраниците на Игор Кралески генерација 2006 и година помалите избраниците на Томче Трајановски, шампионите на Македонија за оваа сезона генерацијата 2007. Повозрасните успеаа во овој тест меч да однесат победа со 7-1, но без разлика на резулатот ова беше само одличен тренинг пред утрешниот предизвик. Давид Голубов, Марко Николовски и Матеј Гаштаров постигнаа по 2 гола, додека еден беше дело на Михаил Танчев. Главниот настан на овој дуел беше појавувањето на легендата на Вардар, а воедно легенда и на македонскиот, ех-југословенскиот и европскиот фудбал единствениот “златната копачка“ Дарко Панчев. Тој ги запозна и гледаше најмладите генерации на неговиот матичен клуб Вардар и се фотографираше со младите момци кои имаа привилегија да запознаат еден играч кој успеал да биде шампион на Европа и светот во клубски фудбал, да забележи настап на светско првенство и да впише погодок, да биде шампион на ех-ју лигата со ФК Вардар и.т.н.