Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Утре ќе се одигра завршното коло во фудбалската Вардар јуниор лига (распоред)
Утре ќе се одигра завршното коло во фудбалската Вардар јуниор лига (распоред)

Утре ќе се одигра завршното коло во фудбалската Вардар јуниор лига (распоред)

Оваа фудбалска пролет зад нас се веќе седум одиграни пролетни турнири во фудбалската вардарова Јуниор лига каде се сретнуват младите фудбалски надежи кои се дел од регионалните школи на ФК Вардар. Утре  во недела на терените на Фудбалската Академија на ФК Вардар во  градски парк  на програмата е осмото и воедно  последното коло од фудбалската Вардар Јуниор лигата. Истата оваа година за првпат се одржува и може да кажеме дека како и ракометната успешно се изреализира.

На утрешниот завршен  турнир ќе учестуваат екипите на ФК Вардар и регионалните школи:  Еуроспорт од Куманово, Борец Јуниор од Велес, Еврофудбал од Охрид, Слога 1934 од Виница, ФК Прилеп, како и скопските паралелки на Форца, Спортефе и Ново Лисиче. Ќе се играат мечеви во генерациите 2003, 2004, 2005 и 2006. И овој турнир  повторно ќе биде застапена  и невладината организација „Отворени Забавни Фудбалски Школи“ кои низ игра на младите фудбалски  надежи ќе им го доближат фудбалот како спорт. Оваа е распоредот за мечевите за утрешниот завршен турнир :

Генерација 2003 година: 2 x 20 минути

  • 09:00 часот: ФК Ново Лисиче, Скопје –ФК Куманово Еуроспорт-Вардар, Куманово
  • 09:50 часот: ФК Вардар – ФК Слога 1934-Вардар, Виница
  • 10:40 часот: ФК Еврофудбал-Вардар, Охрид – Куманово Еуроспорт-Вардар, Куманово
  • 11:30 часот: ФК Вардар – ФК Ново Лисиче, Скопје
  • 12:20 часот: ФК Еврофудбал-Вардар, Охрид – Слога 1934-Вардар, Виница

Генерација 2004 година: 2 x 20 минути

  • 09:00 часот: ФК Вардар – ФК Борец Јуниор, Велес
  • 09:50 часот: ФК Прилеп – ФК Спортефе-Вардар, Скопје
  • 10:40 часот: ФК Вардар – ФК Прилеп
  • 11:30 часот: ФК Борец Јуниор, Велес – ФК Спортефе-Вардар, Скопје

Генерација 2005 година: 2 x 15 минути

  • 09:30 часот: ФК Вардар – ФК Слога 1934-Вардар, Виница
  • 10:10 часот: ФК Ново Лисиче, Скопје –  ФК Прилеп
  • 10:50 часот: ФК Форца-Вардар, Скопје – ФК Еврофудбал-Вардар, Охрид
  • 11:30 часот: ФК Слога 1934-Вардар, Виница – ФК Форца-Вардар
  • 12:10 часот: ФК Вардар, Скопје – ФК Ново Лисиче, Скопје
  • 12:50 часот: ФК Прилеп – ФК Еврофудбал-Вардар, Охрид

Генерација 2006 година: 2 x 15 минути

  • 09:30 часот: ФК Вардар, Скопје – ФК Ново Лисиче, Скопје
  • 10:10 часот: ФК Куманово Еуроспорт-Вардар, Куманово – ФК Форца-Вардар, Скопје
  • 10:50 часот: ФК Вардар, Скопје – ФК Куманово Еуроспорт-Вардар, Куманово
  • 11:30 часот: ФК Ново Лисиче, Скопје – ФК Форца-Вардар, Скопје