Македонската фудбалска репрезентација до 16 години на 7 и 9-ти јуни во Братислава ќе одигра два пријателски натпревари против соодветната селекција на Словачка. После турнеата во Сан Марино каде забележавме три победи, Македонската репрезентација ќе спарингува и во Братислава.
За контролните натпревари против Словачка, селекторот Добринко Илиевски повика и четворица играчи од редовите на Вардар. Голманот на пионерите и кадетите Малик Зибери, потоа одбранбениот играч Филип Антовски кој дебитираше за Вардаровите пионери на турнирот во Бјелина, како и напаѓачите Марко Ѓорѓиевски и Саит Битиќи ќе бидат дел од репрезентацијата до 16 години.