Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > “Имресивните“ резултати во пролетниот дел, на младинците на ФК Вардар им донесоа шампионска титула
“Имресивните“ резултати во пролетниот дел, на младинците на ФК Вардар им донесоа шампионска титула

“Имресивните“ резултати во пролетниот дел, на младинците на ФК Вардар им донесоа шампионска титула

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар се шампиони на Македонија за натпреварувачката сезона 2015/2016. Избраниците на Љупчо Марковски имаа импресивни резултати во пролетниот дел, каде забележаа девет победи, еден нерешен резултат и само еден пораз и тоа оној во последното коло против Милано, кој немаше никакво резултатско значење за црвено-црните. Нашите младинци на крајот освоија 51 бод или еден повеќе од екипата на Академија Пандев која заврши како второпласирана на табелата. На третото место се најде екипата на Шкендија, која пак беше лидер со два бода повеќе од Вардар, по завршување на есенскиот дел од сезоната. Постигнавме вкупно 27 гола, а примивме 8 погодоци. Сосема заслужено го освоивме првото место на крајот од сезоната, ако се знае дека ги добивме сите дерби натпревари и мечевите против директните конкуренти за титулата. Совладани беа екипите на Работнички, Шкеднија, А. Пандев, Металург и Пелистер. Единствениот нерешен резултат во овој дел од сезоната беше на гостувањето против Еуромилк. Вкупно 16 победи, 3 нерешени резултати и три порази за црвено-црните за тековната натпреварувачка сезона.

Ова се сите резултати во пролетниот дел од сезоната:

12 коло: Вардар – Работнички 2:1

13 коло: Победа- Вардар 0:3

14 коло: Вардар – Пелистер  4:0

15 коло: Еуромилк - Вардар  1:1

16 коло: Вардар- Шкендија  5:2

17 коло: Шкупи – Вардар  0:1

18 коло: Вардар – А. Пандев  1:0

19 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар   1:3

20 коло: Вардар – Металург  5:0

21 коло: Ренова – Вардар  0:1

22 коло: Вардар – Милано  1:3

Малку недостасуваше да биде освоен и националниот куп на Македонија, каде стигнавме до големоот финале и бевме поразени од екипата на Академија Пандев, која славеше минимално со 1:0. Претходно во ова натпреварување ги елиминиравме екипите на Работнички, Шкупи и Љубанци. Воглавно одлична сезона за нашите младинци кои покажаа добри резултати и игри.