Ракометниот клуб на Вардар ја одбрани двојната титула во домашните натпреварувања, по што оди на заслужен одмор. Последниот меч за оваа сезона беше во рамките на супер-лигата на гостувањето против Прилеп. Помошниот тренер Давид Девис Камара изработи специјално видео од последниот ден за оваа натпреварувачка сезона. Како што е познато веќе некои од играчите се збогуваа со црвено-црниот дрес. Горбок, Манасков, Токиќ и Брумен веќе не се дел од тимот.
“Ова е последниот ден од сезоната. Луѓето ќе се преселат во други тимови, ќе заминат во своите национални селекции, ќе одат на одмор.Ви посакувам среќен ден и ноќ. Сите да се среќни и да уживаат во овие моменти, напиша Камара на својот фб профил.
Погледнето го ова видео: