Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Минуваат денови, а ФБСМ неодговара- Зошто вардарецот Егоров и покрај тоа што е најголема надеж за медал не е пријавен за настап на Е.П?
Минуваат денови, а ФБСМ неодговара- Зошто вардарецот Егоров и покрај тоа што е најголема надеж за медал не е пријавен за настап на Е.П?

Минуваат денови, а ФБСМ неодговара- Зошто вардарецот Егоров и покрај тоа што е најголема надеж за медал не е пријавен за настап на Е.П?

Минуваат денови, а  ФБСМ намерно го избегнува одговорот на круцијалното прашање. Тие и понатака не одговарат на конкретното прашање- “Зошто, најголемата македонска боречка надеж за успех на Европското првенство за борачи до 23 години вардарецот Егоров, намерно не е пријавен за настап”?

Станува збор за вардарецот Ероров кој е по се судејќи голем фаворит за медал на ова европско првенство, тој може да донесе одличје за Република Македонија на кој меѓудругото и федерацијата би била горда.  Клубот бараше објаснување претходно, федерацијата остана глува. Тие го повикаа за подготовки во Бугарија на турнир, но сеуште не го пријавуват за она што е најважно во спортот голем настан, како што е европското. Апсолутно е познато на пред се борачката јавност дека тој е во одлична форма. Во тренажен процес беше во периодот септември-декември изминатата година притоа имаше мечеви во Германија, во Бундес лигата која е поим за квалитет во овој спорт. Во периодот јануари-март беше одличен, настапуваше ни помалку ни повеќе во финалето на Бундес лигата. Тој беше победник на шампионатите на Република Македонија до 23 годинини (У-23) и во тој за сениори. Беше вице-првак на силниот турнир во Шведска “Mellarcupen”   со убедливо највеќе освоени технички поени 37-2.

vladimir-egorov

Ние како спортски сајт, а пред се “чувар“ на вардаровата чест се прашуваме како е можно раководството и спортскиот директор упорно, намерно да не го пријавуваат нашиот “вардаров бисер“ Егоров за учество на Е.П У-23 во категоријата до 57 килограми???

Само од себе се поставува и второто прашање- Дали истите се плашат од успех на Европското, дали несакат повторно вардарец како претходно од Полска да донесе медал за Македонија???..

Нема никаков одговор ниту на завчерашната молба доставена до ФБСМ од нашиот клуб која може да ја прочитате подолу, а подготовките се закажани за денес 21 март 2017 во 16:00 .

-Поканата со радост ја прифативме и први се отповикавме , но сакаме да разберете дека НЕ СМЕ ВО НИКАКВА МОЖНОСТ НИЕ КАКО КЛУБ за толку кратко време да обезбедиме финансиски средства за авиобилети . Во интерес на Македонското борење , би го замолиле раководството на ФБСМ , да изнајде решение и да им овозможи на Македонските надежи В.Егоров, Х.Зубаиров и М.Нуров да пристигнат навреме на закажаните подготовки и да им овозможите поуспешно да се претстават и освојат одличја на меѓународните турнири за Р.Македонија .
Однапред благодарни ,
Спортски директор МИРКО ДИМЧЕВСКИ