Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар М-16 го заврши првиот дел од сезоната на првото место
КК Вардар М-16 го заврши првиот дел од сезоната на првото место

КК Вардар М-16 го заврши првиот дел од сезоната на првото место

Кошаркарскиот клуб на Вардар М-16 со убедлива победа го заврши првиот дел од лигата и тоа во својата група -А4. Избраниците на Александар Јованчев играат одлична полусезона, а доказ за добрата форма на екипата е последниот триумф против тимот на Феникс, кој го совладаа со неверојатни 104 коша разлика, или резултатот на овој натпревар гласеше 145-41. Ова беше вкупно 13-сета победа за нашите млади надежи во лигата, кои имаат само еден пораз. Во вториот дел од првенството ќе се натпреваруваме против други четири екипи од А3 групата. Тоа се екипите на  Кетс Баскетбал, Петровски, Фени Индустри и најверојатно Пелистер. Во нашата група понатаму продолжуваат Вардар, Партизан Водно Санс, Чаир 2030 и Ангели. Истава генерација на КК Вардар беше дел од силен турнир во Нови Сад, кој на крај и го освои истиот.

Сотавот на КК Вардар М-16 за оваа сезона: Лука Наумовски, Адриан Наумоски, Лука Јованов, Давид Глигоровски, Лејсон Зекири, Ѓорѓе Станковиќ, Андреј Ивановски, Петар Теновски, Далибор Шијаковски, Андреј Ников, Матеја Стојков, Горјан Јанески, Мартин Анчевски