Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар триумфално во Струга, на „зимување“ заминува на делба на лидерската позиција со Баскет кам
ЖКК Вардар триумфално во Струга, на „зимување“ заминува на делба на лидерската позиција со Баскет кам

ЖКК Вардар триумфално во Струга, на „зимување“ заминува на делба на лидерската позиција со Баскет кам

Колото број 10 не донесе некои изненадувачки екипи во Првата лига-жени. Напротив, екипите кои важат за фаворити, и кои се дел од водечката „четворка“, обезбедија сигурни победи, па оттука изгледот на табелата не претрпе некои промени.

Бранителот на титулата, екипата на Баскет кам 2011 стигна до сигурен триумф во дуелот со кавадаречки Пробаскет (81:66). За скор од девет победи и еден пораз. Идентичен како што има и екипата на Вардар, која во ова коло без никакви проблеми славеше на гостувањето во Струга (81:43).

Убедлива е и победата на Крива Паланка, исто така на гостински терен во Скопје. Поточно во салата „Независна Македонија“ каде го надиграа составот на Бадел 1862 совладувајќи го со (104:55)

Најинтересен беше дуелот во Куманово, се сретнаа екипите на Куманово-Гризли и на МЗТ Скопје Аеродром.

Домашната екипа имаше предност во првото полувреме. По првиот период беше изразена со шест поени (19:13), на полувремето нешто пониски (32:27). Уште подобри кумановки одиграа во третиот дел од играта во кој предноста ја удвоија. И на „влезот“ во последната четвртина водеа со (52:41).

Но тоа се покажа како недоволно, затоа што во последните десет минути, МЗТ Скопје направи комплетен пресврт. Го добија гостинките тој период со неверојатни (18-2), за конечен триумф (59:54).

Два бода за кои свој придонес дадоа Томас со 18. реализирани поени, Волнијанска која постигна 15, и Петровска со десет поени.

Во домашната екипа, исто така три кошаркарки со двоцифрен број на поени, а две од нив со двоен ефект. Американката Камб имаше 14.поени и 13. Скока, додека на искусната Снежана Алексиќ и недостасуваше само една асистенција за трипл-дабл. Запиша ефект од 13.поени, 13.скока, девет асистенции, а ист број на поени – 13, даде и Петрушевска.

Ова беше и последниот круг од натпреварите во Првата лига-жени за 2023 година. Идното 11. коло, ќе се игра на 20.јануари, наредната година.

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 10.КОЛО

Бадел 1862 – Крива Паланка   55:104

Баскет кам 2011 – Пробаскет  81:66

Куманово-Гризли – МЗТ Скопје Аеродром 54:59

Струга 2009 – Вардар      43:81

ТАБЕЛА: Баскет кам 2011 19, Вардар 19, МЗТ Скопје Аеродром 17, Куманово-Гризли 15, Пробаскет 14, Крива Паланка 14, Бадел 1862 12, Струга 2009 10;

ИДНО КОЛО (20.01.2024)

Бадел 1862 – Баскет кам

Вардар – Пробаскет

Крива Паланка – Куманово-Гризли

МЗТ Скопје Аеродром – Струга 2009