По вчерашните полуфинални дуели одиграни во малата сала “Кале” на завршниот турнир кај М-16 момците во кошаркарската лига екипите на Феникс и Вардар обезбедија натпревар за злато. Тимот на Феникс 2010 беше подобар од Партизан Водно Санс-2 (84:66), додека пак црвено-црните го победија Партизан Водно Санс-1 со (68:64).
Вардарци одиграа неизвесен дуелот во кој триумфираа, тие беа домаќинот на турнирот. Нашите момци направи голем пресврт во последните четири минути од полуфиналниот дуел. Тие со тоа обезбедија место во големото финале кое се игра вечер со почеток во 20-00 часот. Во последните четири минути црно-белите влегоа со предност, но Вардар направи серија од десет-нула во поени по ред, што овозможи победа на крајот со (68:64) и пласман во финалето.