Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерацијата 2003 го загуби првиот натпревар, на турнирот “Стеван Нештицки“ во Нови Сад
Генерацијата 2003 го загуби првиот натпревар, на турнирот  “Стеван Нештицки“ во Нови Сад

Генерацијата 2003 го загуби првиот натпревар, на турнирот “Стеван Нештицки“ во Нови Сад

Вардаровата генерација родени “2003“ година со пораз стартуваа на турнирот во Нови Сад, откако во првото коло од групната фаза загуби од репрезентација на Република Српска. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 2:0 за противникот. По првото полувреме резултатот беше оној почетниот 0:0.

Тренерот Томче Трајановски стартуваше со следниве 11-сетмина: Стојковски, Ѓорѓоски, Трпезановски, Сељанац, Стојановски, Давидовски, Хасани, Андрески, Јовановски, Мирков, Прелоговски.

Вардар има за што да жали на овој натпревар, бидејчи пропушти три добри шанси на овој меч. Во првиот дел имавме можност да го отвориме резултатот преку Мирков, но не ја искористивме. Неискористените прилики и во вториот дел , ги казни репрезентацијата на Република Српска, која постигна два гола во нашата мрежа. Две добри шанси во второто полувреме имаше Георг Стојановски.

Утре го играме вториот натпревар на трнирот против Сеак Сегед од Унгарија.