Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Бадел не победи и дојде до титулата, ние сезонава ја завршивме успешно како шампиони во Купот и финалисти во лигата

Бадел не победи и дојде до титулата, ние сезонава ја завршивме успешно како шампиони во Купот и финалисти во лигата

Кошаркарките од екипата  Бадел ја одбранија шампионската титула  во женската кошаркарска лига на Македонија откако во финалето од плеј-офот ги совладаа девојките  на Вардар со 3-0 во победи. Вчера и во третиот меч  од финалната серија Бадел дојде до  победа од 73:43. На првите две средби претходно  Бадел победи со 68:45 и 78:45.
zkk
Најефикасна на натпреварот вчера беше  беше Нена Трајчевска со 17 поени и воедно го доби признанието МВП на финалето, кај вардарки Симона Деловска постигна 13 поени. За тимот на Бадел ова беше четврта титула освоена по ред, а вкупно 12-та. Кошаркарките на Вардар може да бидат задоволни од оваа сезона, тие беа формирани лани на почетокот на есента и дојда до завидни резултати.  Па така покрај играњето во финалето на плеј-офот, тие  го освоија пехарот во Купот на Македонија со што поделија по едно признание со баделки. Пехар во купот и финале е сосема одличен резултат за овој млад тим, шансите и во лигата ќе ни беа поголеми доколку пред почетокот на плеј-офот не заминеа од Вардар двете кошаркарки од САД кои беа дел од костурот на тимот и чии придонес за Куп трофејот беше огромен.