Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Бојан Тимевски: Дебито за првиот тим на ФК Вардар е чест и потик за напредок
Бојан Тимевски:  Дебито за првиот тим на ФК Вардар е чест и потик за напредок

Бојан Тимевски: Дебито за првиот тим на ФК Вардар е чест и потик за напредок

Вчера во  Велес по покана на ГФК Борец се одигра  пријателски натпревар помеѓу домашната екипа и нашиот ФК Вардар. Повод за овој дуел беше прославата на Борец кој  е нов македонски второлигаш.   Вардар лесно  го совлада тимот на Борец со резултат 5:0 (4:0). Овој меч посебно ќе остане врежан во меморијата на Бојан Тимевски голман на пионерскиот состав на црвено-црните. Тој за првпат дебитираше за првиот тим на Вардар.

000000000000000000

Бојан доби шанса на 17 години да застане на црвено-црниот гол менувајќи го Алексовски Игор во вториот дел. Радува што вардаровата Академија промовираше  еден надежен млад голман кој чии ментор е тренерот на голмани на црвено-црните поранешниот голман на ФК Вардар, Љупчо Кметовски. Тој има 17 години роден е на 21.01.2000 година. Вчера покажа Бојан иако е доста млад дека знае да се носи со предизвикот, одлично ги одработи вторите 45 минути, собра неколку центаршути сигурно, играше одлично со нога во пасевите со одбраната и покажа сигурност која е доста важна за еден дебитант. Вардар фанс веднаш го исконтактира нашата голманска надеж која  ни изјави:

- Задоволен сум од мојот настап како дебитант и она што го прикажав. Големо е задоволството да ти се оствари сонот и да го чуваш голот на шампионот на Македонија во сениорска конкуренција за нас младите голмани. Работам напорно во Академијата, се трудам на секој тренинг и натпревар да се надградувам, одлична поддршка и потик за напредок имам од мојот тренер поранешниот голман на Вардар,а сега наш тренер Љупчо Кметовски. Приликата која ја добив вчера е голем потик за мене како млад голман дека сум на вистинскиот пат и дека треба да продолжам напорно да работам во иднина на усовршување на мојте голмански вештини. Академијата на Вардар е место каде одлично се подготвуваме, а огромно е задоволството кога нашиот труд ќе биде награден вака со деби настап за првиот тим, кога може да бидеме рамо до рамо со нашите идоли од сениорскиот состав.

ak3

Тимевски заедно со другите пионери ги очекува финале во Купот на Република Македонија, третто по ред за пионерите во кое ќе ја браната Куп титулата од изминатата сезона. За овој следен предизвик за Бојан и неговите врсници од црвено-црниот пионерски состав тој ни изјави:

Во Куп финалето ќе биде тешко, сепак јас и сите мои соиграчи од екипата ќе дадеме максимум со цел да бидеме шампиони во ова натпреварување. Оптимиста сум, очекувам трет пат по ред да го дигнеме пехарот во Купот и да донесеме уште еден трофеј во црвено-црните витрини- изјави Тимевски за нашиот сајт.

Михајло Тушевски