Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Виран Морос: Штербик е во неверојатна форма и тоа во вистински момент за неговата екипа
Виран Морос: Штербик е во неверојатна форма и тоа во вистински момент за неговата екипа

Виран Морос: Штербик е во неверојатна форма и тоа во вистински момент за неговата екипа

Екипата на РК Вардар направи историски успех, пласирајќи се на завршниот турнир во Келн и како дебитант ќе има можност да се бори за Европската титула. Како што е познато во полуфиналето за противник ја добивме екипата на Барселона, која и пред почетокот на сезоната важеше за еден од најголемите фаворити за освојување на трофејот. Нивниот столб во одбраната “Виран Морос“ кој има само дефанзивни задачи даде мислење за нашиот состав и шансите на двата тима да играат во финалето. Со оглед дека ги познава своите колеги од репрезентацијата истакна дека има пријатели во Вардар, но дека на терен нема да ги познава.

-Вардар има многу добра одбрана, а Арпад Штербик е во неверојатна форма и тоа во вистински момент за неговата екипа. Противникот ниту е аутсајдер, ниту е фаворит за титулата. Едноставно, шансите во полуфиналето за двете екипи се 50-50. Што се однесува до пријателствата, имам многу пријатели во тимот на Вардар, но на теренот нема да ги познавам, истакна Морос.