Денес, сабота (12 мај) во 19-00 часот , во Основно Училиште „Невена Георгиева – Дуња“, девојките од ЖКК Вардар ќе одат по брејк во првиот финален натпревар против ЖКК Бадел 1862. Со овој дуел почнува финалната серија во женската кошаркарска прва лига.
Овој натпревар ќе биде дванаесетто дерби, а во досегашните дуели, скорот е 8-3 во корист на противникот.