Во недела на арената “Филип Втори“ ќе се одигра македонското фудбалско дерби, помеѓу екипите на Вардар и Пелистер. ФФМ за главен судија на овој дерби дуел го одреди Марјан Ецкоски. Вардар е на второто место на табелата, на кои и ќе заврши на крајот од сезоната, додека екипата на Пелистер е на последната позиција, која носи испаѓање во втората лига.
Дуелот во недела ќе стартува од 16:30 часот.