Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар утре го пречекува Бадел во дуел од финалната серија
ЖКК Вардар утре го пречекува Бадел во дуел  од финалната серија

ЖКК Вардар утре го пречекува Бадел во дуел од финалната серија

Женскиот кошаркарски колектив, Вардар утре ќе одигра нов дуел во финалната серија за шампионската круна во првенството. Девојките на Вардар во моментот губат со 2-0 од Бадел 1862 и се надеваат дека утре, среда, 16.мај ќе ја преполоват предноста на актуелните шампионки.

Дека Бадел не е непобедлив сезоната покажавме два пати, најпрвин во финалето од Купот ги совладавме и дојдовме до злато, а потоа и во првенството триумфиравме на дуел на кој бевме домаќини. Утрешниот натпревар се игра со почеток во 19-00 часот на наш терен, во малата сала при Спортскиот центар “Кале“ во Скопје.