Овој викенд се одигра и четвртиот Балкански Куп за оваа сезона. После Пловдив, Ботевград и Скопје , Лесковац беше последната дестинација каде што се одигра Блаканскиот Куп за деца до 12 години.
Во група вардаровите надежи беа со домаќинот Актавис и КК Ниш, а со двете екипи извојувавме победа. И кошаркарскиот клуб ФМП во полуфиналето не успеа против нас, за да во големото финале на продолжетоци (64:63) изгубиме од екипата на Балкан Ботев. Во јуни е завршниот Фајнл-Фор турнир, во Ботевград, а до тогаш нашите момци од Вардар М12 ќе продолжат со тренинзи на кои ќе се подготуваат да атакуваат на златото.