Избраниците на тренерот Драги Димитровски кугларите на Вардар тргнаа со пеколно темпо на почетокот од подготовките за новата сезона 2016/2017 во која ги чекаат дузина предизвици. Најпрво патуваат на крајот од месецот на силен меѓународен турнир во Бања Лука, Република Српска (Б и Х), потоа ги очекува настап на “Светскиот куп“ во Италија и се разбира остануваат двете домашни натпреварувања Македонската кугларска лига- МКЛ и Купот на Македонија. Подготовките се одвиваат во кугларницата “Мусандра“, бидејќи нивната матична куглана во спортскиот центар “Борис Трајковски“ не е во фунција за време на летниот период.
Home > Останати спортови > Куглање > (ФОТО) Кугларите на Вардар со пеколно темпо на почетокот од подготовките