Вчера на фудбалската Академијата на фудбалскиот клуб Вардар сместена во Градскиот парк покрај тренинзите на петте млади категории, петлиња од генерација 2003 до генерација 2007 свои тренинг имаа и вардаровите “чувари на мрежата“ под водство на нивниот тренер Слободан Мутибариќ. Тројцата голмански надежи Јоце Спасовски, Мартин Ивановски и Андреј Данстак работеа елементи за усовршување на голманската техника. Вардар фанс ви носи видео од една нивна вежба која се спроведуваше под будното око на тренерот Мутибариќ.