Во текот на вчерашниот ден на фудбалската Академијата на фудбалскиот клуб Вардар сместена во Градскиот парк први тренинзите одржаа пет млади категории, петлиња. Генерацијата 2005 ја имаше првата “смотра“ со новиот тренер Игор Кралевски. Тој ја доби довербата да тренира годинава една година повозрасна генерација од лани кога беше предводник на помалите генерација 2006 година. Тој им приреди интересен тренинг на новите пулени покажувајќи дека ги чека многу напорна работа во иднина на чело со него како тренер на истата. Накрајот им дозволи мала прослава на два родендена на момците која низ кратко наше видео ќе може да ја погленднете на дното од статијава. На Кралевски редакцијата на Вардар фанс му пожелува успешна година со новата генерација која му е доделана.