Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > (ФОТО) Во „Мусандра“ кугларите на Вардар се подготвуваат за „европската есен“
(ФОТО) Во „Мусандра“ кугларите на Вардар се подготвуваат за „европската есен“

(ФОТО) Во „Мусандра“ кугларите на Вардар се подготвуваат за „европската есен“

Веќе помалку од две седмици, поточно од 5.август навака, Кугларскиот клуб Вардар ги реализира летните подготовки. Истите се одвиваат во  кугларницата „Мусандра“ каде ние сме домаќини,  вардарци  започнаа со подготовките за есенските предизвици, не очекуваат мечеви во домашната лига и во Европа.

9

Нашиот тим како што објавивме ќе  биде дел од НБЦ-Купот кој ќе се игра во Апатин, Република Србија.  На истиот  ќе ја преставуваме по петти пат во последните шест години нашата земја. Подготовките се одвиваат според новите протоколи кои се усвоeни поради светската пандемија со Ковид-19. Како и сите спортови така и куглањето беше сопрено во март месец.

999

Дарко Димитровски е в.д тренер на тимот, ова е прва сезона која ја стартуваме од 2014 година без Драги Димитровски. Нашиот долгогодишен тренер го напушти овој свет изминатото зимо.