Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Поединечни награди на турнирот во Струга, Дибиров е најдобриот стрелец
Поединечни награди на турнирот во Струга, Дибиров е најдобриот стрелец

Поединечни награди на турнирот во Струга, Дибиров е најдобриот стрелец

Тимот на РК Вардар го освои второто место на 48.издание на традиционалниот турнир во Струга. Оваа година настапија само екипи од Македонија, а првото место им припадна на Еурофарм Пелистер.

На завршната церемонија покрај доделување на трофеите, беа прогласени и најдобриот играч, стрелец и голман на турнирот во Струга.

Тимур Дибиров е најдобар стрелец, додека МВП признанието заврши во рацете на Стипе Мандалиниќ. Наградата за најдобар голман му припадна на Градимир Чаневски. Третото место го освои екипата на Металург, со победата во малото финале против екипата на Охрид.