Во втората македонска кошаркарска лига следи пауза по одиграниот прв круг до 6-ти фебруари 2016 година. Црвено-црниот кошаркарски колектив по одиграните девет кола оваа зимска пауза ќе ја мине на втората позиција од табелата. Вардар има 15 освоени бода во досегашниот дел од сезоната во втората по квалитет македонска кошаркарска конкуренција.
Вардарци остварија шест победи, а забележаа неуспех на три меча оваа полусезона. Покрај Вардар со еквивалентен број на освеони бодови се уште и тимовите на битолски КК Пелистер, екипата на КК Гостивар 2015 и скопскиот ривал кој ни нанесе пораз во последното коло кое се играше во Кале, тимот на КК Водњански Лисици. Лидер на табелата е тимот на АБ Охрид со максимален број на победи и освоени 18 бода. Вардарци постигнаа ова есенска етапа 716 поени или имаше одличен просек на постигнати кошеви од речиси 80 поени по меч(79,55). Имаме примено 620 поени што во просек е 68 примени кошеви по одигран меч, а паузата ја дочекуваме со 96 поени позитива. Во првиот дуел во новата година, на 6-ти фебруари играме дома во малата сала при С.р.ц “Кале“ ,со тимот на тетовски Кк Тетекс.