Девојките на нашиот женски ракометен колектив својот премиерен натпревар во 2016 година ќе го имаат на 9.јануари со тимот на романски ЦСМ Букурешт. Со овој меч девојките на Жрк Вардар ќе започнат со мечевите од Главната фаза во ЕХФ Лигата на шампионите. Домашни дуели имаме уште со тимот на Савехоф на 6.фебруари и црнагорскиот преставник, тимот на Будуќност тој дуел е закажан за на 21 фебруари. За овие дуели клубот излезе со информација околу картите за гледачите во истата се вели следново :
Ги известуваме сите оние кои имаа сезонски билети за групната фаза од ЛШ, дека продолжување на истите нема да се изврши.Сите оние кои сакат да ги задржат местата, со приложување на сезонскиот билет, ќе можат да ги заменат за регуларен билет по следниве цени:
- Трибини – 180 денари
- ВИП Зони – 400 денари
- ВИП Соби – 1000 денари
Продажбата на билети ќе се одвива на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”, секој работен ден од 10 до 18 часот и онлајн на www.ticketplus.mk.Дополнителни информации за продажбата на билети можете да добиете на телефонскиот број + 389(2) 2 40 19 80, како и на info@ticketplus.mk и contact@zrkvardar.com