Пионерите на Фк Вардар го завршија есенскиот дел од сезоната на второто место. Оваа генерација оствари осум победи, еден нерешен резултат и два порази. Црвено-црните имаат бод помалку од Шкупи кој е на првото место, а бод повеќе од Тетовска Шкендија која е третопласирана на табелата. Во купот избраниците на Сашо Тодоровски се пласираа во полуфиналето.
-Есенскиот дел од сезоната помина добро. Иако завршивме на второто место на табелата, задоволни сме од прикажаната игра и од залагањето на нашите тренери. Имавме два порази, едниот беше против Шкендија на домашен терен. На тој натпревар имавме поголем посед на топката, но среќата на крајот не беше на наша страна. Следуваше гостувањето против Шкупи, каде одигравме со целото срце, бевме подобри во текот на целиот дуел и заслужено победивме. Пречка за освојување на есенската титула ни беше екипата на Ренова, против која непланирано ги загубивме бодовите.
Александар Ѓорѓиески е трет најдобар стрелец во редовите на Вардар, со вкупно четири постигнати голови.
Задоволен сум од мојата игра и придонесот за тимот, додека во пролетниот дел очекувам многу повеќе. Со сите сили ќе тргнеме на освојување на двојната круна, изјави Александар Ѓорѓиески за нашиот сајт.
Звонко Ивановски