Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > КУГЛАЊЕ! Влаќевски: Со Вардар имаме високи цели, годинава одиме на шампионската титула!
КУГЛАЊЕ! Влаќевски: Со Вардар имаме високи цели, годинава одиме на шампионската титула!

КУГЛАЊЕ! Влаќевски: Со Вардар имаме високи цели, годинава одиме на шампионската титула!

Денес ви носиме изјава од “бисерите“ на црвено-црниот кугларски колектив Бојан Влаќевски. Тој е еден од најдобрите македонски куглари, кој е активен во МКЛ во овој момент. Влаќевски неретко е во топ-6 изборот по завршените кола во лигата. Тој има играно претходно во Империал Тобако, Окта и Макпетрол од каде дојде во нашиот Вардар. Тој е носител на сребрен медал од 2013 како репрезентативец на нашата земја. Тој  го освои и меѓународниот турнир “13 Ноември“ (види) . Вардарци сезоната ја почнаа со европскиот НБЦ-Куп во Австрија на кој имаа забележителен настап и беа пласирани во првата половина од 24 учесници, а со големо задоцнување почна МКЛ во која Вардар гази во првите 3 кола. Влаќевски за овие две натпреварување го дава својот суд, тој вели :

НБЦ купот ни е познато на дел од екипата на Вардар, имаме искуство на тоа поле меѓутоа како нова и млада екипа ние наидовме на предизвик кој не освести малку. Имавме желба да се рангираме на високите 4 позиции, но неполниот состав си го направи своето. Со работни обврски беа дел од играчите, но сепак се боревме и стигнавме до 10-то место што го сметам лично како успех на екипата. Очекувам наредната година подобри европски резултати. Годинава после многу маки лигата некако ни започна. Стартувавме онака како што посакувавме, имаме 3 победи од исто толку напревари. Тимската мисија исполнета, додека лично сметам дека малку потфрлив. Еден загубен меч и два резултати околу 600 што не е неуспех, меѓутоа очекував повеќе од самиот себе.

Вардар годинава има високи цели да го симне Кк Макпетрол од врвот на македонското куглање со кој владее околу деценија и половина, нашиот куглар зборува за очекувањето и атмосферата во црвено-црниот табор во пресрет на продолжението од МКЛ.

Годинава имаме високи цели, целиме на шампионската титула, имаме цел да освоиме што повеќе медали, како екипно така и поединечно, екипата ни е зрела за некој дострели кој ги посакуваме па здравје со Господ напред атакуваме на се што може да се освои. И секако посакуваме WeltPokal наредната сезона. ( WeltPokla е натпреварување каде играат шампионите на државите). Екипата има многу добра хемија, организирани сме на високо ниво, се работи во полна пареа и се очекува експлозија на крајот од јануари, каде следат најбитните натпревари за нас.

Во изминатата сезона 2014/15 Влаќевски собори еден долгогодишен рекорд во кугларницата при С.Ц “Борис Трајковски“, за овој свој личен успех тој вели:

Лани незнам ни самиот како ама ете се случи успеав да направам рекорд на кугланата Борис Трајковски. Секако дека ми значи и ме мотивира многу повеќе за добра игра и добра работа. Искрено сакам да се сменат сите рекорди на нашиве куглани. Се надевам Димитар Димитровски ќе ми ја исполни желбата и ќе стане рекордер на некоја од кугланиве што ги имаме , би сакал да е  по можност Мусандра. – Изјави Влаќевски за Вардар Фанс.
Михајло Тушевски