Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Вардарецот Влаќевски го освои меѓународниот турнир “13 Ноември“

КУГЛАЊЕ! Вардарецот Влаќевски го освои меѓународниот турнир “13 Ноември“

qa

Иако почетокот на новата кугларска сезона е одложен на неодредено поради незавидната материјална ситуација во која се наоѓа КФМ, кугларите на Вардар не мируваат и засилено се подготвуваат за новата сезона која се очекува да започне секој момент. Доказ за тоа е Бојан Влаќевски, кој убедливо го освои меѓународниот турнир 13 Ноември одржан во кугланата Мусандра под покровителство на град Скопје.

Учествуваа квалитетни куглари како од државава (3 од КК Вардар, како и од Макпетрол, ГТЦ, Империал Тобако, Работнички, 18 Август), така и од соседна Србија (КК Крагујевац, КК Београд, КК Црвена Звезда, КК Партизан, КК Ниш Пут) Бојан првото место го освои со 631 соборени кегли, пред Александар Милинковиќ од КК Крагујевац со 607 и Његош Шакиќ од КК Београд со 601 соборена кегла. На турнирот земаа учество вкупно 24 куглари. Убав знак за Вардарци пред почетокот на новата сезона ако се земе во предвид народната.- ДЕНОТ ПО УТРОТО СЕ ПОЗНАВА.